Српкиот аналитичар Владан Радосављевиќ (62)  на Космај крај Белград бил изгризан до смрт од кучиња .

Како што пишуваат белградските медиуми, вчера три кучиња на сопственикот – Стафорд, мешавина Стафорд и питбул и трето куче излегле од дворот преку отворена капија во Велика Иванча, која е на Г.О. Младеновац и го нападнале него и жена му.

Трите кучиња носеле јаки со ознаки на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици.

По нападот, мажот набрзо искрварил до смрт и починал на лице место, а телото било однесено на обдукција, додека сопругата е тешко повредена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.