Српските медиуми објавија дел од договорот меѓу Србија и ЕУ за односите со Србија. Во него најважниот дел е дека Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународните организации.Ова за претседателот на Србија Александар Вучиќ засега е неприфатливо кој вели дека никогаш нема да дозволи Косово да стане членка на Обединетите нации.

Во договорот дури и се бара двете страни да формираат „заеднички комитет“ под покровителство на ЕУ кој треба да го следи спроведувањето на овој договор.

Двете страни ќе бидат водени од целите и принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации, посебно во принципите на суверена еднаквост на сите држави, почитување на нивната независност, автономија,територијалниот интегритет, право на самоопределување, заштита на човековите права и недискриминација-стои во овој нонпејпер.

Не се исклучува овој српски „Договор од Преспа“ да влезе во поглавјето за Косово на Србија и промена на Преговарачката рамка во преговорите со ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.