Од час во час се појавуваат нови детали за страшното злосторство, чиј сторител Вук Бориловиќ (34) пред да биде убиен уби десет сограѓани во Цетиње, меѓу кои и две деца. Според истрагата околу 15:30 убиецот дошол на спратот од куќата во која живееле потстанарите Мартиновиќ. дома биле медицинската сестра во Општата болница „Данило Први“ во Цетиње, Наташа Пајовиќ Мартиновиќ, и двете нивни деца. До расправија дошло поради кирија, зошто и како никој не знае. Бориловиќ го зел оружјето и пукал, прво кон децата, а потоа и во Наташа. Децата починале на лице место, а жената починала во болница.

Наташа која беше убиена за време на крвавиот поход на Бориловиќ, успеала телефонски да му се јави на својот сопруг Милош Мартиновиќ пред да им подлегне на повредите и да му соопшти дека двајцата нивни синови се убиени.

Изненаден од оваа страшна вест, Милош му се јавил на Бориловиќ, сопственикот на станот каде што биле потстанари.

„Го убив твоето и моето семејство“, одговорил Бориловиќ, вооружен со ловечки карабин и со два реденика куршуми,па отишол во куќите на своите соседи, убивајќи ги без милост…

Според првичните податоци на истрагата, вчера во 15 часот и 30 минути, разбеснетиот Бориловиќ дошол на катот од куќата во која како станари живееле Мартиновиќи. Дома биле само децата и нивната мајка.

Сопругот на Наташа и татко на децата на возраст од 8 и 11 години, во тој момент не бил дома. Наводно, до расправијата дошла за киријата – како и што точно, никој не знае.

Избезумен, Бориловиќ земал оружје и пукал – прво во децата, кои се обиделе да се сокријат зад вратата, а потоа и кон Наташа. Децата починале на лице место, а несреќната жена им подлегнала на повредите во болница.

Триесет и четиригодишниот Вучко Бориловиќ убил 10 лица, а ранил шест, а потоа бил убиен. Наводно во крвавиот поход бил запрен од Ненад Калуѓеровиќ .

За време на реконструкцијата на целиот настан пукањето траело од околу 45 минути до еден час, додека Бориловиќ убивал еден по еден со ловечкиот карабин и испукал околу 100 куршуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.