Бугарски авион имаше принудно слетување во Ница, поради технички проблеми со леталото, јавуваат бугарските медиуми.
Авионот „Ембраер“ на „Бугарија Ер“ полетал од Софија и требало да слета во Мадрид, но поради проблемите, барал принудно слетување во Ница.
Екипажот на авионот дал сигнал за тревога поради депресија на кабината во авионот. Слетувањето во Ница било безбедно и нема повредени патници. Од бугарското МНР појасниле дека принудното слетување било поради сомнеж за технички проблеми. Авиокомпанијата соопшти дека сите патници се добро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.