Во случај Европската Унија да воведе нови санкции за увоз на нафта и гас од Русија, Бугарија, која е зависна од испораките на енергенси од Русија, би можело да побара да биде изземена од тие санкции.
Бугарија во потполност ќе ги поддржи сите видови на мерки, но за овие две (нафта и гас) може ќе побараме изземање. Во овој момент немаме алтернатива и премногу зависиме од Русија – изјавил Петков за „Ројтерс“.
Бугарскиот премиер додал дека таквите санкции бо можеле сериозно да влијаат на Бугарија и нејзината економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.