Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа дека Владата ќе дозволи извоз на пченица, пчека, брашно и насло за јадење, кои ќе се извезуваат поради повисоката цена.

Брнабиќ за „РТС кажа дека ќе излезе во пресрет на сите барања од Здружението за жито на Србија.

„Ќе дозволиме извоз на одреден производи, како што се пченка, брашно и рафинирано масло“, вели Брнабиќ.

Исто така, премиерката ги увери граѓаните да не се грижат бидејќи ќе има доволни количини за домашните побарувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.