Претседателот на Бугарија Румен Радев намерно или ненамерно на средбата со министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба ги нарече Русите и Украинците браќа, односно, повика што поскоро да запре братоубиствената војнаво Украина.

Откако Русија ја нападна Украина и изврши ужасни злосторства, се согласувам со вас дека сторителите треба да бидат казнети, но малкумина можат да го превртат јазикот и да ги наречат братски украинскиот и рускиот народ. Мислам дека Украинците и Бугарите имаат повеќе причина да се нарекуваат братски народи, особено по оваа поддршка што ја дадовте. Украина ги третира сите етнички групи подеднакво, без оглед на тоа кои се тие. Ние имаме една задача – да ја заштитиме нашата земја, му возвратил Кулеба.

Инаку, Радев повика во рамките на ЕУ да се бара можност за побрзо закрепнување на Украина, како и наскоро да се спроведе независна меѓународна истрага за убиствата на цивили и злосторствата за време на војната, а одговорните за тоа да бидат најстрого казнети.

Радев изрази и надеж дека Украина прави се што е можно за да го заштити бугарското национално малцинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.