Додека другите деца пеат на сцената, Јаков е на клупата, игра и чека сѐ да заврши. Зошто не можеше да излезе на сцената и зошто беше отстранет од неа?

Вака Драгана, мајката на петгодишниот Јаков, дете со Даунов синдром од гратчето Широки Бриег во БИХ, раскажува како нејзиното дете беше отстрането од сцената за време на божиќната претстава во градската градинка Трноружица, иако за истата вежбало со неговите соученици.

Таа објави две видеа на социјалните мрежи. Во првото се гледа како една од воспитачките го трга малиот Јаков од сцената, а на второто се гледа како Јаков седи на клупа во ходникот додека претставата се уште трае.

Божиќна претстава, време на благосостојба, љубов и мир, Јаков и Рита ќе учествуваат во божиќната претстава, која ја подготвуваат со недели претходно. И јас сум таму од страна и чекам да ги гледам моите деца. Рита оди на сцена во група со други деца, Јаков е во скутот на воспитачката и седат на стол. Сите други деца се на сцената подготвени за настап. Ја прашувам зошто Јаков не е на сцена, ми вели подобро да не оди, ќе им пречи. Во шок го земам Јаков со себе, тој со рака постојано покажува дека сака да оди кај другите деца… Останатото погледнете го во видеото, пишува оваа мајка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana (@_draganamandic)

Буквално ме болеше душата, таква тага и незадоволство не сум почувствувала. Ме заболе затоа што на моето дете кое сакаше да биде со другарите, сакаше да учествува, сакаше да се забавува, не му дозволија. На божиќната претстава му беше одземено правото да биде дете и да биде среќно момче. Зошто? Зошто да молчам сега? Зошто им пречи дете што ќе танцува? Уривање на угледот на градинките? ШТО САКАТЕ СОВРШЕНА СЛИКА ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА И СОВРШЕНА Божиќна претстава? Да расчистиме, во никој случај не ги осудувам воспитачките, тие само прават што ќе им кажат. Затоа што знам дека работеа со Јаков и се подготвуваа за претставата. Тие се прекрасни и никогаш немавме проблеми со нив. За жал, прават како што им е кажано!, продолжува мајката во своите коментари за видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana (@_draganamandic)

Кога ја прашала директорката на градинката зошто Јаков не учествува, таа ѝ рекла: „Госпоѓо, ако не ви се допаѓа, има уште 10 градинки, слободно одете!“.

Се разбира дека ќе одиме, но нема да молчиме, никој не го заслужува тоа, а најмалку 5-годишно дете, изјавила мајката за тамошните медиуми.

Јаков ја посетувал оваа градинка од 2019 година и мајката вели дека никогаш немало никакви проблеми и дека секогаш бил прифатен од воспитачките и од другите деца и дека со задоволство одел во градинка, но дека тие сега веројатно морале да послушаат нечија наредба.

На прашања од новинарите управителката на градинката, Зденка Зовко, рекла дека станува збор за недоразбирање.

Рекла и дека е подготвена да се извини, но смета дека нема причина за тоа. Во меѓувреме, мајката тврди дека ги отпишала децата од таа градинка и дека планира да ги запише во друга градинка бидејќи им треба социјализација и дружење исто како и на другите деца.

Не е важно каде се случува ова, туку дека Балкан останува Балкан, се вели во една од илјадниците реакции на јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.