Во коалицискиот договор јасно е договорено кои услови Македонија треба да ги исполни за да продолжи процесот на пристапување. Ако Кирил Петков го смени ставот за ветото за Скопје, можеби нема да биде веќе премиер, изјави Георги Свиленски од Бугарската социјалистичка партија (БСП), партија која е дел од владината коалиција.

Доколку премиерот одлучи да направи нешто на своја рака, јасно е каков е исходот. Едноставно тој повторно нема да биде премиер. Нашиот став е конзистентен – Република Македонија може да го продолжи својот пат кон Европската Унија по исполнувањето на договорот и декларацијата од Народното собрание, изјави Свиленски и додаде дека е тоа црвената линија од која нема отстапување.

„Тоа е црвената линија за сите бугарски граѓани. Општеството на оваа тема е обединето. Над 80 отсто од бугарските граѓани го поддржуваат ставот и на БСП и на коалициската влада, а поддржан е и од голем дел од опозицијата“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.