Ракометната федерација на Македонија денеска ја започна продажбата на влезните билети за квалификацискиот натпревар меѓу сениорските селекции на Македонија и Португалија.

Македонија ќе биде домаќин во салата во СЦ „Борис Трајковски“ во четврток на 9. март, а денеска веќе може да се набават билети онлајн или на неколку продажни места.

Цената на билетите ќе биде 200 и 100 денари, а како и досега, се очекува полна сала за максимална поддршка на избраниците на Кире Лазаров.

Дуелот Македонија-Португалија се игра во рамките на квалификациите за ЕП во 2024 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.