Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер загуби вечерва на гостувањето кај унгарска Татабања со 25-21 во рамки на претпоследното коло во групата Д во ракометната Лига на Европа.

По резултатски израмнето прво полувреме (11-11), битолскиот состав добро го отвори продолжението и поведе со два гола разлика, но уследи пад во играта и Татабања со серија од 3-0 го врати водството.

Иако, ослабен без неколкумина повредени ракометари, Еурофарм Пелистер беше рамноправен противник на паркетот до завршните десет минути (21-21), кога домаќините направија недостижна предност и на македонскиот вицешампион му го нанесоа третиот пораз во деветтиот натпревар во групната фаза.

Еурофарм Пелистер во последното коло, идниот вторник, во Битола е домаќин на атински АЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.