Денеска во просториите на РФМ се одржа жрепката за четвртфиналните групи од Купот на Македонија во машка конкуренција.

Четвртфиналните групи ќе се играат на 12 и 13 март. Не се игра по принципот секој со секого, туку извлечените двојки играат полуфинале, а потоа победниците финале за да се одреди победникот на групата. Четирите победници на групите ќе обезбедат пласман на фајнфор турнирот што ќе се игра на 14 и 15 мај.

Група 1
Металург – Тиквеш
Јуниор КВ – Вардар 1961

Група 2
Бутел – Скопје
Струга – Аеродром

Група 3
Драчево – Охрид
Алкалоид – Еурофарм Пелистер

Група 4
Пролет 62 – Еурофарм Пелистер 2
Прилеп – Голден Арт-КЛ7

Бранител на тронот е Вардар кој минатата сезона во финалето го совлада Еурофарм Пелистер. Вардар е и најтрофеен во Купот со 14 титули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.