Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го победија Вардар на гостински терен со 24:23 во големото дерби на македонскиот шампионат. Битолчани во најголемиот дел од натпреварот од 2. коло во Суперлигата имаа контрола врз резултатот и на крајот заслужено ги освоија бодовите.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ се одигра пред полни трибини со присуство на двете навивачките групи на двете екипи кои со исклучок на одредени инциденти создадоа вистинска дерби атмосфера.

По овој натпревар дојде до смена на лидерската позиција на табелата. Сега Пелистер води со 10 бодови пред Вардар која падна на второто место со 8.

До крајот на Суперлигата двете екипи ќе одиграат уште по осум натпревари. Голема е веројатноста дуелот во Битола на 30 април да биде одлучувачки дали „црвено-црните“ ќе ја задржат титулата или битолчани по долги години ќе се вратат на тронот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.