Битолски Еурофарм Пелистер со два порази од хрватскиот Нексе го заврши својот настап во осминафиналната рунда на Европската лига.

 

Откако загубија во првиот меч во Хрватска, со три гола разлика, пелистерци беа поразени и пред својата публика во реваншот и тоа со 22-21, па не успеаја да се вбројат меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.

 

А, таму Нексе за противник ќе ја има наската екипа ГОГ Гудме.

 

Нант на Кирил Лазаров за противник ќе го има германскиот Магдебург, а преостанатите два пара во четвртфиналето кое на програмата е на  26 април и 3 мај ги сочинуваат Бенфика – Горење и Кадетен Шафхаузен – Висла Плок.

 

Инаку за прв пат во историјата на ова натпреварување сите осум екипи доаѓаат од различни земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.