Македонија ќе биде дел од финалето на СП 2023 година. Таа чест ја имаат најдобрите судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои се делегирани да бидат дел од завршната манифестација во Шведска каде за златниот медал ќе се борат репрезентациите на Франција и Данска.

Финалниот меч е закажан за 21 часот на „Теле 2 Аренат“ во Стокхолм, што е всушност фудбалско игралиште кое е преуредено со дополнителни две трибини и таму ќе се игра мечот за златото.

Зрелото судење на Николов и Начевски повеќе сезони е препознаено и наградувано од страна на ЕХФ со делегирање на различни дерби среди, а не ретко истата двојка ја повикуваат да суди и дерби средби од националните првенства на некои земји како доказа дека професионално ќе ја завршат задачата – да се има фер, неутрално и правилно судење.

Ова ќе биде трето финале во низа на Македонците, кои исто така ја делеа правдата и на ЕП 2020 и на ЛОИ 2021. Ова ги прави меѓу ретките, ако не и единствени што суделе на сите три големи ракометни турнири, и тоа во низа. Успех што досега никому не му успеало со македонско знаме зад името.

Тие зад себе имаат финале и во Купот на ЕХФ и во КПК. Им отанува само уште финале на Ф4 во машка или женска конкуренција за да ги комплетираат сите можни финалиња на најдобриот ракомет.

Дополнително уште еден Македонец ќе биде финалниот ден, но во меч за бронзата, а тоа е делегатот Драган Начевски, на мечот Шпанија – Шведска.

Македонските судии досега „свиреа“ одлично на сите натпревари во групната и главната рунда на Мундијалот, па по потреба летаа прво во Шведска, па потоа во Полска, па повторно во Шведска на финалниот викенд. Судеа и меч од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место, a за сите мечеви освен од официјалните лица, добија одлично критики и од актерите на теренот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.