. И покрај обидите да бидат дискредитирани од скандинавските медиуми, македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија доверба да го судат големото финале на Светското првенство што ќе се игра вечерва во Стокхолм.

Во 28. финале на светските првенства ќе се сретнат Франција и Данска. Данците ќе бркаат трета титула и хет-трик актуелен шампион, додека Франција игра за нова светска круна по 2017 година, а вкупно седма во историјата.

Мечот ќе се игра во „Теле 2“ арената во Стокхолм со почеток во 21 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.