Ракометарките на Франција и Норвешка повторно ќе играат во финале на Светското првенство, како што тоа беше и пред две години во Шпанија, откако Французинките во дански Хернинг ја совладаа Шведска со 37:28, а Норвежанките триумфираа над Данска со 29:28 по продолжение.

Французинките и натаму се со стопроцентен ефект на мундијалскиот турнир, а на патот до финалето во последното коло од групната фаза ја совладаа и Норвешка со 24:23 во Трондхајм.

Данска и Шведска в недела од 16 часот ќе играат за бронзениот медал во Хернинг, додека дуелот за светската титула е од 19 часот.

Норвежанките во своето деветто финале ќе се обидат да го освојат петтото светско злато, додека Французинките по седми пат ќе играат во финалето, а титулата светски првак досега ја освојуваа два пати.

Неделното финале ќе биде четврто во историјата меѓу Норвешка и Франција. Во сите претходни три победи Норвешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.