Во целата медиумска бура што се крена по ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер, незабележано помина еден момент кога припадниците на двете навивачки групи, Чкембари и Комити, покажаа огромно ниво на ферплеј,  и почит едни кон други.

Во текот на второто полувреме Чкембарите истакнаа транспарент во чест на прерано починатите членови на Комити, што предизвика искрен и силен аплауз од вардаровите навивачи, на кој се придружија практично сите присутни во салата „Јане Сандански“, како и заедничко скандирање на имињата на починатите навивачи.

Фото: принтскрин

На ваквиот потег на своите ривали, Комити одговорија со скандирање на името на еден од водачите на битолската навивачка група Александар Димчевски – Трска, кој почина пред година и половина, што, пак, наиде на одобрување и искрен аплауз од Чкембари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.