По поразот во македонската машка ракометна репрезентација на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Дебрецин во име на националниот тим зборуваше селекторот Кирил Лазаров. Македонија вечерва загуби од Црна Гора со 24-28 и ги загуби сите шанси за пласман во втората фаза на шампионатот.

Според селекторот, некои играчи одиграле далеку под ниво и не смее да си дозволат такви киксови кога го носат дресот на Македонија.

Сами забележавте дека не можеме да ги преброиме грешките кои ги направивме. Бев немоќен како да реагирам затоа што работите се случуваа како на филм и ракометари кои играат во клубови и каде имаат коректни улоги, што играат ЛШ, Бундеслига не смее да си дозволат такво нешто. Без разлика дали е добра стратегијата или не е, или си играч или не си. Ние сме тука да ги подготвиме сите, меѓутоа тие се тие што одлучуваат на самиот терен. Дојде до еден психолошки блок во кој бевме немоќни. Видикот и перцепцијата на цел терен се намали и едноставно не знаевме што правиме. Очигледно е дека се има голем притисок, откако не тргна работата добро се вративме, но потоа пак паднавме. Евидентно е дека треба да учиме уште многу и да работиме, изјави Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.