Филип Кузмановски, кој постигна пет голови во поразот на македонската ракометна репрезентација од Словенија со 27:25 во првото коло од Европскотѕоп првенство вели дека е разочаран од резултатот.

Кузмановски истакнува дека нашата репрезентација имала шанси да победи, но не ги искористила своите моменти, поради сопствените грешки.

Искрено немам коментар по еден ваков натпревар, сè уште сум под еуфорија. Навистина верував дека можеме да ја победиме Словенија, докажавме, само да не ги направевме тие технички грешки. Знаеме дека Лазаров ни фали и тоа беше голем хендикеп, но навистина се боревме. Сепак, самите сме си виновни што загубивме. Но, главата горе, имаме уште два натпревари. Да ги поправиме техничките грешки, да одиграме поборбено и мислам дека сме многу добра репрезентација, млада екипа, трчаме 60 минути напред, назад. Видовме и самите дека можеме да играме и ние помладите, таа генерација што цело време се спомнува само… Не знам искрено денеска што фалеше. Треба да го анализираме натпреварот, па да коментираме. Нема простор за разочарување, имаме следен натпревар и одиме напред – изјави Кузмановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.