Братот на починатиот ракометар на Бутел, Борис Тот се огласи преку социјалните мрежи ставајќи крај на постојаните шпекулации околу причините за смртта на 27-годишниот Денис Тот.

Денис синоќа со срцево затајување беше пренесен во скопските клиники по што попладнево и официјално беше потврдено дека не ја издржал најважната битка во животот.

Им благодарам многу на господата новинари на ‘професионално’ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публиците!!!“ – напиша Борис Тот на својот фејсбук профил.

Уште утрово од КАРИЛ за повеќе македонски информативни медиуми нагласија дека на телото на Тот немало видливи знаци на повреда, а на скопската клиника бил донесен со срцево затајување. Попладнево и официјално беше потврдено дека и покрај борбата на лекарите за неговиот живот, младиот ракометар на РК Бутел, за жал, почина на скопските клиники.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.