Дваесет и седумгодишниот ракометар на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал како резлутат од насилна смрт, утврдиле докторите од Судска медицина, објави телевизија Телма.

Обдукцијата покажала дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на Тот, кој вчераутро почина на скопските клиники.

Ова за Телма го потврдиле и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет, а од доказите ќе зависи квалификацијата на делото.

Телевизијата јавува и дека засега инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство.

За случајот биле обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк. Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

Тот почина вчера претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), од каде вчера информираа дека бил ракометарот бил примен без срцева акција и без траги на насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.