Третиот светски тенисер, Германецот Александер Зверев, кој беше исфрлен од турнирот во Акапулко, откако со рекетот повеќе пати удри во судиското столче за време на дуел во двојки, е казнет со 40.000 долари од АТП.

На германскиот тенисер, кој на Игрите во Токио го освои златниот олимписки медал, му е одземена и заработката на турнирот во Акапулко во износ од 31.570 долари, како и бодовите стекнати за пласманот во поединечна и конкуренција во двојки.

– Ова претставува максимална казна за прекршоците, ја образложи АТП денеска својата одлука, додавајќи оти „дополнителна ревизија“ ќе биде спроведена во „согласност со правилата“ на АТП турнирите.

Претходно Зверев јавно се извини за инцидентот што го предизвика во средата и побара прошка од судијата Алесандро Германи

Германскиот тенисер има проблематично минато.

Олга Шарипова, поранешната девојка  во август минатата година го обвини за наводно малтретирање, па таа приказна сега доби многу поголеми и посилни реперкусии.

Шарипова за магазинот „Слејт“ детално проговори за насилството што се случи за време на турнирот во Шангај во 2019 година за насилството што го преживеала додека била со него.

Шарипова и Зверев имаа бурна врска која заврши во средината на 2019 година, само неколку месеци пред тој да започне романса со Бренд, која го остави и роди дете кое таа реши сама да го одгледува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.