Тенисот има нов број 1, тоа е Данил Медведев. Тој се искачи на првото место на топ листата откако Новак Ѓоковиќ загуби во Дубаи.

Но, малкумина знаат кој е 26 годишниот Русин.

Тој е роден во Москва и досега има заработено 20 милиони долари.Но до нив не беше лесно да дојде и имаше многу падови во кариерата.

-Како тенисер сакам да повикам на мир во целиот свет. Играме во многу различни земји, толку многу сум ги посетил во мојата јуниорска и професионална кариера. Едноставно не е лесно да се слушнат сите тие вести… Јас сум за мир. Не е лесно да се гледа се што се случува дома од овде во Мексико – изјави Медведев

Данил Медведев е син на Сергеј Медведев и Олга Медведева. Неговата помала сестра се вика Елена.

Медведев и неговото семејство се населиле во Антиб, Франција кога имал 18 години. Тој се приклучил на Елитниот тениски центар воден од Жан-Рене Лиснар (поранешен светски бр.84), во Кан. Медведев потоа се пресели во Монте-Карло во 2017 година.

Во моментов, Медведев тренира во тениската академија Муратоглу, основана од Патрик Муратоглу во Франција.

Медведев се ожени со Дарија во септември 2018 година, откако живееше со неа четири години.

„Дарија е мојата главна поддршка. Не можам да кажам ништо без неа. Таа ми ја покажа убавината на животот, каква што досега не сум ја видел. Животот е убав! Би сакал да живеам цел живот со неа. Таа е многу посигурна од мене. Таа ми покажа како да се справам со животот“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.