Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја напуштил болницата во Лас Вегас по дополнителните медицински прегледи со кои е констатирано дека нема повреди по инцидентот што се случи за време на трката во Формула 1.

Норис загуби контрола врз болидот на 12 свиок и со голема брзина удри во заштитниот ѕид на патеката во Лас Вегас.

Британскиот возач излезе од болидот, но беше прегледан во медицинскиот центар покрај патеката, а потоа беше префрлен во болница во Лас Вегас на дополнителни прегледи.

Ова е прва трка сезонава која Норис не успеа да ја заврши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.