Цел свет знае дека тенискиот ас, Новак Ѓоковиќ, ја должи својата одлична форма на специфичната исхрана и напорни тренинзи, но истовремено, во јавноста не се придава преголемо значење и интерес за тренинзите на неговата сопруга, Јелена.

Сепак, таа, одвреме-навреме со своите следбеници споделува информациите за тоа како се грижи за своето тело, и како работи за да се одржи во форма. Така, особен интерес, Јелена предизвика со видеото објавено на Инстаграм, на кое се гледа како тренира стилизирани вежби од бразилската боречка вештина, капоера.

Кога Пулмао ќе ја испрати домашната задача… Ти благодарам што не ми дозволи да бидам мрзелива – пишува Јелена во описот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Видеото воодушеви многумина, како поради тренингот, така и поради нејзината неверојатна фигура, која очигледно се должи на напорните тренинзи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.