Познатиот француски сатиричен весник „Шарли ебдо“, познат по своите карикатури кои често ја минуваат границата, овој пат му се посвети на Новак Ѓоковиќ , кој може да биде депортиран од Австралија по долга битка за виза.

Ситуацијата на српскиот тенисер е тема број еден во светот изминатава недела, а сатиричниот весник, кој своевремено беше нападнат од терористи поради исмејувачките цртежи на пророкот Мухамед, сега посвети неколку цртежи на маките на Ѓоковиќ.

„Новак Ѓоковиќ го заслужува најдоброто“, е насловот на мини-стрипот од четири карикатури, а цртежите и пораките се брутални.

„Ѓоковиќ како исклучок“, пишува на првата слика, на која се гледа како тенисерот ја блокира вакцината со рекет, а под неа пишува „големите шампиони го заслужуваат најдоброто“.

На другата е Ѓоковиќ со собирач на топки кој е на респиратор.

„Да му дадеме собирач на топки каков што заслужува“, пишува над сликата, додека над собирачот се испишани зборовите: „Требаше да се вакцинирам“.

Третиот цртеж е со порака „Да му дадеме спонзори какви што заслужува“.

Последната порака е особено брутална. Ѓоковиќ е поканет во Франција со цртеж на ковчези со натпис „не вакциниран“ и зборовите: „Тука ќе ја најдете вашата среќа меѓу нашите антиваксери“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.