Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе присуствува на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг и ќе организира банкет за шефовите на државите и меѓународните организации кои ќе го посетат, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Меѓу посетителите ќе бидат, претседателот на Русија Владимир Путин, претседателот на Светската здравствена организација Тедрос Адана Гебрејесус и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, се наведува во соопштението, а пренесува Ројтерс.
Зимските олимписки игри ќе бидат отворени на 4 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.