Српскиот тенисер ангажирал дизајнери и архитекти за да го украсат неговиот животен простор во Шпанија по негов вкус во Фенг Шуи стил.

Во Вилата „Каса Перла“  Новак со семејството, сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара живее повремено

Вилата која има девет соби, тениско игралиште, теретана и домашно кино е наголемо реновирана, а работите треба да завршат во текот на летото.

Околу ѕидот од куќата веќе извесно време се поставени скелиња, а во главниот стан во кој спијат Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена треба да се постават прозорци од таванот до подот.
Бањите, кујните и џакузите исто така ќе бидат заменети и декорирани во согласност со практиките на фенг шуи засновани на концептите на петте елементи, дрво, оган, земја, метал и вода.

„Кога ќе завршат работите за реновирање, „Casa Perla“ ќе има чист фенг шуи стил“.

ШТО Е ФЕНГ ШУИ

Правилата за уредување на домот на фенг шуи станаа исклучително популарни ширум светот. Современиот начин на живот подразбира брзина и флексибилност и со себе носи многу стресни ситуации со кои луѓето се потешко се справуваат.

Фенг шуи не советува како да го уредиме нашиот животен простор за да се чувствуваме подобро, да бидеме поздрави, посреќни, сакани и заљубени, плодни и богати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.