На Ставре Јада кој е еден од тројцата македонски спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг Општина Крушево, од каде што тој потекнува му додели срамни 10 илјади денари за учество на Игрите.

Поради мојот втор настап на зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево.

На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци.
Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација.
Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево
1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот?
2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите?
И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг“, пишува Јада на социјалните мрежи.

Тој во Пекинг ќе настапи во две дисциплина, спринт на 1,4 километри и маратон на 50 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.