Вкупно 26 национални федерации и пет индивидуални членови на Собранието на Македонскиот олимписки комитет доставија барање за свикување Вонредно Собрание на МОК.

Како што информираат иницијаторите со официјално соопштение до медиумите, „истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија“.

На барањето, кое е доставено до медиумите, потпишани се и водечките национални федерации ФФМ, РФМ, КФСМ, ОФМ…

Барањето, кое, како што информираат, е примено во архивата на МОК ги содржи следните точки на Дневен ред:

1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија
5. Разно.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.