Русинот Данил Медведев ја задржа лидерската позиција на најновата на АТП ранг-листа на која нема промени меѓу првите десет најдобри светски тенисери.

На второто место е Германецот, Александар Зверев, по што следува Рафаел Надал од Шпанија. Освојувачот на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ остана на седмото место.

АТП ранг-листа:

Данил Медведев (Русија) 7.775 бодови

Александар Зверев (Германија) 6.850

Рафаел Надал (Шпанија) 6.165

Стефанос Циципас (Грција) 5.045

Каспер Руд (Норвешка) 4.890

Карлос Алкараз (Шпанија) 4.845

Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.770

Андреј Рубљов (Русија) 3.540

Феликс Оже – Алијасим (Канада) 3.445

Јаник Синер (Италија) 3.185.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.