Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на 26 јули, точно една година пред отворањето на Олимписките игри во Париз, ќе испрати покани за учество на 203 национални олимписки комитети, но меѓу нив нема да бидат рускиот и белорускиот олимписки комитет.

ИОК објави дека одлуката за учество на руските и белоруските спортисти на Игрите во Париз, е понатаму е „на чекање“, но светските медиуми тврдат дека со неиспраќањето на покана за учество, повеќе од сигурно е дека Русија и Белорусија нема да имаат свои спортисти на најголемата спортска манифестација која ќе се одржи идната година.

Освен Русија и Белорусија, покана за настап на Игрите во Париз 2024 година, нема да добие ниту Гватемала која ИОК минатата година ја суспендираше поради мешање на политиката во работата на националниот олимписки комитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.