Меѓународниот олимписки комитет (МОК) денеска, додека санкциите кон Русија и Белорусија и натаму се на сила, најави дека сака повторно вклучување на спортистите од овие две земји во меѓународните натпреварувања, вклучувајќи и настап на олимписките игри 2024 во Париз.

Претседателот на МОК, Томас Бах, денеска на прес-конференција во Лозана рече дека на таа тема опширно разговарал за време на тридневното заседание на Извршниот одбор на највисоката светска спортска институција.

Олимпиското движење мора да биде силата која ќе обединува, а не таа која ќе разединува. Мораме да изнајдеме начини како да ја надминеме оваа ситуација и да останеме верни на својата мисија. Санкциите ќе останат на сила, но мораме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпреварувања. Во меѓународните натпреварувања мора да важат начелата на право и правичност за сите, изјави Бах.

Откако на 24 февруари оваа година почна руската инвазија врз Украина, МОК им препорача на меѓународните федерации да забранат настап на руски и белоруски спортисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.