Рускиот тенисер Данил Медведев го прогласи Шпанецот Рафаел Надал за фаворит на Австралија опен уште по првото коло на турнирот во Мелбурн.

Мислам дека фаворит е тој што располага со сè пред сите во рангирањето. Ќе го изберам Рафа бидејќи има 20 грен-слем титули – изјави Медведев.

Надал и Медведев победија во првото коло на Австралија опен.

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ беше прв фаворит на турнирот, но беше депортиран од Австралија, па сега со поголеми шанси за трофејот се неговите конкуренти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.