Ник Кирјос е потврден најголем критичар на Новак Ѓоковиќ и тенисер кој често испраќа провокации до српскиот тенисер, па неговата реакција за драмата која се случува во Австралија беше посебно очекувана од фановите.

Австралискиот тенисер ја потенцира важноста на вакцинацијата, но истовремено побара од своите сонародници да се однесуваат подобро кон светскиот рекет број еден.

– Дефинитивно верувам во преземање мерки, се вакцинирав за другите и здравјето на мојата мајка. Но, начинот на кој се занимаваме со ситуацијата со Новак е погрешен. Сите тие мемиња, наслови… Тој е еден од нашите најголеми шампиони, но на крајот и тој е само човек. Треба да бидете подобри, напиша Кирјос на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.