Наjталентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски го освои првиот трофеј во професионалната кариера откако победи на ИТФ турнирот од серијата М15 во Монастир, Тунис. Осумнаесет-годишниот Калин, во финалето го победи Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина со 2:1 во сетови (4-6, 6-4, 6-1).

За Ивановски ова е првиот трофеј во професионалната сениорска кариера, бидејќи до пред неколку месеци се натпреваруваше во јуниорска конкуренција.

Во финалето на турнирот, кој се играше за награден фонд од 15.000 долари, Ивановски славеше во меч што траеше 2,5 часа, со што направи пробив меѓу најдобрите 1000 тенисери на АТП-листата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.