Распределба и прецизирање на обврските за реализација на годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон денеска беа направени на координативен состанок со претставници на локалната самоуправа, охридските пливачки клубови и Пливачката федерација на Македонија.

На состанокот, што се одржа во Општина Охрид, присуствуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а е договорено да се формира Организациски одбор за успешна реализација на Маратонот.

За координатор на активностите, општинската прес-служба соопшти дека е поставен Ристе Јанкоски. Градоначалникот Пецаков, меѓу другото ја истакна важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот, давајќи силна поддршка за успешно издание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.