Новак Ѓоковиќ повторно зборуваше чудните правила кои важат за влез во САД поради кои не може да настапи на последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен.

Ѓоковиќ нема да добие посебна дозвола за учество во САД поради неговата одлука да не се вакцинира, но американските тенисери кои не се вакцинирани ќе можат да играат. Тој отворено се посомнева во таквите правила и дека тоа може да е политика.

„Зборував со Сандгрен во последните денови и сакам да му се заблагодарам за поддршката. Тоа што го кажа има значење. Ако на невакцинираните тенисери не им е дозволено да играат на Ју-Ес опен, тогаш тоа важи за сите. Не гледам медицинска логика зад ова. Како ќе игра Сандгрен, а јас нема да настапам? Можеби зад ова стои политичка игра“, кажа Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.