Контроверзниот тенисер Ник Кирјос не е задоволен од одлуката дубл мечевите на Вимблдон да се играат во три добиени сета.

Тој во Лондон ќе игра заедно со Танаси Кокинакис, кој во второто коло во сингл беше поразен од Новак Ѓоковиќ. Со Кокинакис, Кирјос годинава го освои Австралија опен.

„Не се радувам на играњето во дубл во трите освоени сета. Мислам дека тоа е најглупавата работа досега и не знам зошто ја донесоа таа одлука. Никој од тенисерите во двојки не сака да игра во пет сета и никој сака тоа да го гледа“, изјави Кирјос за „Еуроспорт“.

За разлика од претходните години, тој на Вимблдон дојде како фаворит од сенка, а во првото коло го совлада младиот Британец Пол Џаб со резултат 3:2.

„Затоа досега не сум играл во двојки овде. Нема смисла, бидејќи главно играв добро на Вимблдон, а потоа не сакав да го искористам слободниот ден за да играм пет сета во двојки“, додаде Ник.

Кирјос и Кокинакис во првото коло ќе играат против Бедене и Квон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.