Семејството на еден од најдобрите тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ во неделата објави дека е „многу разочарано“ од одлуката на австралискиот сојузен суд да му ја поништо визата и да го депортира од Австралија, поради што Србинот нема да има можност да ја брани тутлата на првиот Грен-слем во годината на турнирот во Мелбурн кој го освојуваше рекордни девет пати.

Ѓоковиќ претходно во неделата околу пладне по средноевропско време одлета од Мелбурн за Дубаи откако сојузниот суд ја прифати одлуката да се примени дискреционото право на министерот за имиграција да му ја укине визаа со обрзложение дека одлуката на тенисерот да не се вакцинира против Covid-19 претставува „ризик за Австралија“.

Министерот Алекс Хок рече дека Ѓоковиќ „би можел да биде закана за јавниот ред“, бидејќи неговото присуство може да поттикне „расположение против вакцинирањето“ среде најлошиот бран на епидемијата на коронавирусот во Австралија.

Семејството во соопштение наведува дека причините за одлуката на австралиските власти не се спортски, туку дека надвлеадале политичките интереси.

И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе биде уважен фактот кој судот го потврди – дека Новак има важечка виза, дека правдата ќе биде задоволена и никакви ‘јавни интереси’ нема да бидат изговор за одлуката којашто е донесена, се истакнува во објавата на семејството Ѓоковиќ.

Семејството истакнува и дека е гордо на Новак, на „на силата што ја покажа и борбата која достоинствено ја водеше“.

Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што неоспорно секогаш досега го потврдуваше, а тоа е дека е голем шампион и човек, нагласува семејството на тенсиката суперѕвезда алудирајќи дека Ѓоковиќ донираше милионски суми токму за Австралија за справување со стихијата на големите пожари, за развој на младинска тениска школа и за хуманитарни цели, како и за Италија и Шпанија кога двете земји беа најпогодени на почетокот од пандемијаа на коронавирусот.

Одлуката на судот во Австралија во неделата ја критикуваа и спрскиот претседател Алескандар Вучуќ и премиерката Ана Брнабиќ, оценувајќи ја како бесмислена и скандалозна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.