Американскиот тенисер Џон Изнер на социјалните мрежи јавно искажа поддршка за Новак Ѓоковиќ, по одлуката на австралискиот федерален суд за негово протерување од Австралија.

Изнер беше еден од тенисерите што најгласно го поддржуваа светскиот рекет број 1 во неговите обиди да добие дозвола да настапи на Австралија опен, а по одлуката на Судот тој уште еднаш порача колку го цени Ѓоковиќ.

Новак од секогаш бил класа личност. За мене тој е апсолутна легенда, некој кој им донесе толку многу на милиони ширум светот. Ова што му се случи не е во ред – порача Изнер, споделувајќи ја пораката што Ѓоковиќ ја објави откако беше соопштена судската одлука.

Во пораката што ја сподели Изнер, Ѓоковиќ порача дека му е жал што неговата ситуација фрлила сенка врз Австралија опен и дека очекува да има успешен турнир.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.