Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги сподели емоциите по освојувањето на турнирот во Тел Авив.

Во финалето тој го победи Марин Чилиќ со 2:0, (6:3 и 6:4).

Сакам да победувам на секој турнир каде и да одам и мило ми е што имам тим околу мене кој е уверен дека сум во најдобра форма и можам да освојувам титули. Затоа дојдов во Израел за да се обидам да победам. Ова е мојот прв турнир овде по Дејвис купот пред повеќе од 15 години, така што искуството е неверојатно. Играв многу добро, цела недела. Не настапував на играв турнири три месеци, така што имав дополнителна мотивација да се покажам во најдобро светло, особено затоа што луѓето беа толку срдечни и ми даваа поддршка во текот на целата недела.

 

Останаа само позитивни емоции. Од првата минута во Израел бевме третирани многу добро, и јас сум многу благодарен, бидејќи за мене тоа не беше само турнир. Целиот наш тим стекна прекрасни познанства, кои ќе ги негуваме, тоа не наплаќа со позитивна енергија пред претстојните турнири – истакна Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер е 21-кратен освојувач на Грен слем трофеи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.