Еден од учесниците на маратонската трка која вчера се одржа во Лондон почина откако колабираше за време на маратонот, соопштија денеска организаторите.

Идентитетот на починатиот учесник на лондонскиот маратон не е објавен, а организаторите наведоа дека станува збор за 36-годишен маж од југоисточна Англија.

Тој колобарил на 38. километар од трката.

Иако прими итна медицинска помош која стигна на местото во рок од три минути, почина подоцна во болница. Причината за смртта ќе биде позната откако ќе биде направена обдукција, соопштија организаторите на Лондонскиот маратон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.