Штом заврши хаосот околу Австралија Опен, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ би можел да се соочи со нов проблем.

Имено, организаторите на Ролан Гарос веќе почнаа да разговараат за настапот на невакцинираните тенисери.

Ако му се верува на претседателот на Француската тениска федерација, Жил Моретон, Новак не треба да се најде во ситуацијата како што се најде во Мелбурн.

– Нашите тимови работат заедно со властите, кои во догледно време ќе ги регулираат правилата за влез на невакцинирани играчи – рече Моретон.

Според податоците на АТП, три отсто од најдобрите 100 играчи во светот не се вакцинирани. Меѓу нив е и Новак Ѓоковиќ кој нема да смее да игра на Австралија опен.

– Новак е голем шампион и можеме да го замислиме неговото разочарување што не може да ја одбрани титулата во Австралија – изјави Моретон.

Отвореното првенство на Франција е на програмата од 22 мај до 5 јуни, а може да се промени многу повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.