Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, по неколкучасовната судска расправа утринава го загуби спорот пред Федералниот суд на Австралија, со што и официјално влезната виза за во Австралија му е одбиена.

По ваквата одлука на судот, српскиот тенисер, што поскоро, мора да ја напушти земјата.

Одлуката на судечкиот совет била едногласна, а во текот на денот или утре таа детално ќе биде образложена.

Ваквата судска одлука значи дека Ѓоковиќ дефинитивно нема да ја брани титулата на Австралија опен, а голема е веројатноста поради тоа да го загуби првото место на АТП листата. Истовремено, Ѓоковиќ ја губи можноста да дојде до својата 21. грен-слем титула, со што ќе се одвоеше од Рафаел Надал и Роже Федерер, коишто исто така имаат по 20 грен-слем титули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.