Македонската футсал репрезентација на 13 и 14 јануари во Лисабон ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Португалија.

„Црвено-жолтите“ добија покана за двомечот против светскиот првак Португалија, селекција која се подготвува за настап на Европското првенство во Холандија кое почнува на 19 јануари.

Македонскиот национален тим денеска патува за Лисабон. Двата натпревари ќе се одиграат во спортскиот центар на Португалската фудбалска федерација.

Во репрезентацијата на Македонија се повикани следните играчи: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Зоран Левески, Игор Леовски, Дарко Ранготов, Јакуп Рамадан, Мартин Тодоровски, Таулант Исмаил, Иван Крстевски, Еркан Сефери, , Реџеп Сулејман, Ферид Агуши, Ѓокица Џо Арсовски.

Драган Петровиќ во Лисабон ќе го прослави јубилејниот 100. настап во македонскиот дрес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.