Српските медиуми пишуваат декадека Рафаел  Надал самиот  објавил дека е заразен на 20 декември, а во Австралија влезе на 30 или 31 декември. Тоа значи дека поминале неполни две недели!

Никој жив во Австралија не пишува за тоа, ниту пак некој сака да го постави тоа прашање. Како се случи тоа? И ова покажува дека тие од почеток знаеле што сакаат, односно дека го избрале Новак – анализра „Курир.рс“.

На 20 декември Рафаел Надал официјално објави дека е позитивен по враќањето од Абу Даби, каде одигра егзибициски натпревари против Енди Марија и Денис Шаповалов. Шпанскиот тенисер бил вакциниран, но според законите на Австралија треба да поминат 14 дена пред да влезе во земјата.

Во Австралија влегол на 31 декември. Факт е дека поминаа 11, а не 14 дена од коронарната инфекција на Надал, што покажува дека државата Австралија му прогледала низ прсти, односно дека свесно не ги применувала своите строги закони, кои само неколку дена подоцна му ги покажа на Новак Ѓоковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.