Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го сподели своето мислење за утрешниот четвртфинален меч на Ролан Гарос против Србинот Новак Ѓоковиќ.

Рафаел Надал со тешката победа против Фелимс Оже-Алисим се пласира во четвртфиналето на „Ролан Гарос“. Во пресрет на дуелот Ѓоковиќ – Надал, Шпанецот излезе во јавноста со шокантна изјава дека ова може да му биде последниот дуел на црвеницата во Париз.

Мојот последен меч со Новак беше лани токму тука, а вакви тешки мечеви немам одиграно во последните три месеци, па сигурен сум дека ќе биде голем предизвик. Тој победи на последните девет дуели по ред. Знам каква е мојата ситуација и го прифаќам тоа. Не можам да се жалам, бидејќи стигнав до четвртфинале на „Ролан Гарос“, а пред две недели само се надевав, а не знаев дали ќе играм. Уживам во фактот што сум тука со години, а мечот со Ѓоковиќ може да биде мој последен на Ролан Гарос. Поминувам низ тежок процес. Не знам што ќе се случи во блиска иднина, затоа се трудам да уживам колку што можам повеќе, изјави Надал.

Тој е 21-кратен победник на Грен слем турнирите.

Ѓоковиќ и Надал ќе се соочат по 59-ти пат. Триесет и петгодишниот Србин има 30 победи, додека неговиот врсник од Шпанија има 28



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.