Поранешниот светски првак во Формула 1, Џенсон Батон (43), ќе настапи на три трки во серијата НАСКАР Куп оваа година, објавија организаторите на натпреварувањето.

Англичанецот, кој ја освои Формула 1 во 2009 година, ќе вози „Рик Вер Рејсинг Форд Мустанг“ на трките во Остин, на 26 март, во Чикаго (2 јули) и Индијанаполис (13 август).

Секој пат кога поранешен возач во Ф1 влегува во сериски автомобил на почетокот се мачи. Потребно им е некое време да успеат, така што не очекувам веднаш да бидам на чело. Затоа е важно што ќе настапам на повеќе од една трка за да можам да го извлечам најдоброто од себе и најдоброто од автомобилот“, изјави Батон.

По повлекувањето од Ф1 во 2017 година, Батон возеше спортски автомобили во класата ГТ500 во јапонската Супер ГТ серија, каде ја освои титулата во 2018, а се натпреваруваше и на престижната трка „24 часа Ле Ман“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.